Се чини дека Челзи, некогашниот двоен европски првак се договори со Енцо Мареска. Како што пренесуваат утринава медиумите од Островот, италијанскиот стратег веќе се договорил и потпишал петгодишен договор со гигантот од Лондон со опција истиот да биде продолжен.
Инаку познато е дека Мареска во изминатат сезона го предводеше Лестер и го врати во Премиерлигата. Тој важи за еден од најталентираните тренери во Европа.
И токму тој е наследникот на Маурицио Покетино кој искрено не успеа да се снајде на жешката клупа на Челзи.