Падна договор: Конте во Наполи до 2027 година!

128

Антонио Конте ќе го предводи Наполи следната сезона. Она што се најавуваше со недели, денеска станува факт.

Според Фабрицио Романо, тренерот и наполитанскиот клуб се договориле за се, вклучувајќи ја платата, бонусите, како и имиџ правата на тренерот и неговиот персонал.

Конте ќе потпише договор со наполитанците до јуни 2027 година.

Инаку, последна работна позиција на Италијанецот беше Тотенхем, кој го напушти во 2023 година.

ПретходноГо суспендираа поради тоа што не сакал да го носи логото на ЛГБТ заедницата
СледноАгим Ибраими е нов спортски директор на Тирана!