Прво реми: Поведовме, но Молдавија брзо возврати и освои бод (ФОТОГАЛЕРИЈА)

217

Женската фудбалска репрезентација на Македонија не успеа да ја оствари и втората победа во циклусот квалификации за ЕП. Попладнево во Скопје на тренинг центарот „Петар Милошевски“, избраничките на селекторот Андов одиграа 1:1 против селекцијата на Молдавија.

Нашата селекција беше ослабена поради повредата на Рочи која не допатува во составот на нашиот тим за двомечот со Молдавките, па нејзиното место во нападот го зазеде Максути, кој успеа да го отвори резултатот на денешниот меч со голот во 52. минута. За жал, водството за Македонија траеше многу кратко.

Само три минути подоцна, Табур ја погоди мрежата на Кабакчи и успеа да го израмни резултатот на 1:1.

Ова беше прв бод за Молдавките во групата. За нас прво реми по победата над Летонија и поразот во Скопје од Словенија.

ПретходноРома го откупи Шпанецот Анхелињо
СледноНојер е „фит“ и ќе биде на голот на Германија за Евро 2024