Супер Дончиќ ја декласира Минесота и го однесе Далас во големото НБА финале! (ВИДЕО)

801

Лука Дончиќ уште еднаш прикажа брилјантна, фантастична партија и просто ја декласира Минесота во петтиот меч во финалето од плеј – офот на западот. Далас победи со 124:103 и со тоа ја заврши серијата со триумф од 4:1. Ова значи дека по цели 13 години тимот од Тексас повторно е во големото НБА финале каде за противник ќе го има Бостон. Првиот меч од оваа финлна серија се игра на 6/7 јуни, секако дека Лука ќе сака за првпат во својата кариера да дојде до прстенот.

Лука ја доби наградата и МВП во финалната серија со Минесота, апсолутно заслужено. Секоја чест за Кајри Ирвинг, но ова е триумф на Дончиќ, Далас е тим на Дончиќ.

Словенецот овој меч го заврши со 36 поени, 10 скокови и 5 асистенции. Ирвинг исто така имаше 36 поени, но 4 скокови и 5 поени.

ПретходноПостојат две години и веќе обезбедија место во европските купови
СледноЛука Дончиќ: „Кој сега плаче, да ви е*ам мајката?!“ (ВИДЕО)