Македонските репрезентативци ги одработија подготовките во Скопје и летнаа за Ријека каде што во понеделник на стадионот „Рујевица“ ќе се тестираат против Хрватска. Пред заминувањето во Ријека, нашите фудбалери ги посети популарната хрватска пејачка Северина која им посака добар натпревар.
Александар Трајковски, кој игра за Хајдук од Сплит, на Северина и подари дрес на македонската репрезентација со број 7 и нејзиното име.