Чубара по повредата се враќа во Тиквеш, Карчески на излезна врата, “костурот“ на тимот е задржан!

2772

Алмир Чубара (26), одличниот дефанзивец по неколку месечна пауза поради тешката повреда сега е фит и се враќа во тимот на Тиквеш, навреме, токму пред настапите на кавадарчани на евро сцената.

По заминувањето на голманот Ренер, од Тиквеш си заминува и Карчески, но добро е за тренерот Ѓорѓи Мојсов е тоа што “костурот“ на тимот е задржан. Тиквеш ги продолжи договорите со Миле Тодоров, потоа со Мојсов, Вареловски, Стојкоски, Спахиу, Спиркоски, Робертињо, Стоименовски…

Речиси со сите на кои истекоа договорите.

Инаку покрај Стефан Тасев, наскоро Тиквеш ќе се засили со уште две нови имиња.

ПретходноКвалификации за ЕУРО – жени: Македонија на мегдан со Молдавија!
СледноПикси за списокот: “Никој овде не е зашто има убава фризура или ми е роднина“!