Викендов на ФФМ ќе се одигра финалниот турнир на Детската лига

198

Од 1 до 3 јуни 2024 година на ФФМ тренинг центарот ќе се одржи финалниот турнир од ФФМ Детската лига за сезоната 2023/24.

Почнувајќи од сабота (1 јуни) во 10,00 часот, а заклучно со понеделник во 19,00 часот на ФФМ тренинг центарот учество ќе земат најуспешните 96 екипи од цела Македонија, поделени во 6 натпреварувачки категории (2011 – 2016). Ова е само завршница на годинешното издание на ДЛ каде имавме учество на 149 клубови и 649 екипи со 10000 млади фудбалери кои имаа можност да се натпреваруваат секоја недела во рамките на своите региони.

На учесниците им посакуваме среќа на претстојните натпревари и истите да поминат во духот на фер – плејот, а воедно и упатуваме отворена покана за присуство до сите заинтересирани.

Во продолжение можете да го погледнете распоредот за финалните турнири.

ДЛ Финален турнир 24 – Распоред 01.06.2024.pdf 

ПретходноДве италијански чуда на Ролан Гарос
СледноПикси: Игравме „килаво“, но во Германија ќе биде поинаку