„Бомба“ од Турција. Истанбул е на нозе. Има договор. Она што се најавуваше изминатите два – три дена, доби потврда и тоа од повеќе извори. Се чека само официјална потврда.
А тоа е дека Жозе Мурињо, еден од најдобрите тренери во историјата е нов стратег на Фенербахче. Фановите на турскиот гигант од Босфорот се во транс, сега посакуваат нивниот Фенер конечно по една деценија да си ја врати титулата во своите витрини.
Инаку се напоменува дека “Специјалниот“ се договорил со Фенер бна две години, односно до 2026 година.