Квалификации за ЕУРО – жени: Македонија на мегдан со Молдавија!

116

Попладнево на тренинг центарот на ФФМ во Скопје, во меч од 3.коло во квалификациите за ЕУРО во Ц лигата, женската репрезентација на Македонија ќе ги одмери силите со Молдавија.

По првите два меча избраничките на селектор Александар Андов имаат победа и пораз и со три бода сега се на 2.место на табелата. Секако дека против Молдавија се очекува добра партија и нова победа иако ќе играме без една од најдобрите фудбалерки, а тоа е Гентијана Рочи.

Ова е важен меч за нашата најдобра женска репрезентација, секако дека се очекува победа и освојување на три бода, но ова ќе биде и одлична можност за нашите девојки да го искажат сиот свој потенцијал.

Веќе во вторник во меч од 4.коло Македонија ќе и гостува на Молдавија во Кишињев.

ПретходноИстанбул на нозе: Мурињо е нов тренер на Фенербахче!
СледноЧубара по повредата се враќа во Тиквеш, Карчески на излезна врата, “костурот“ на тимот е задржан!