Киеран Мекена го продолжи договорот со Ипсвич таун и покрај тоа постоеше интерес за него од неколку посилни премиерлигаши. Поранешниот тренер на младинскиот тим на Манчестер Јунајтед, одлучи да го продолжи проектот со Ипсвич иако за овој стручњак се интересираа Челзи, Брајтон и Манчестер Јунајтед.
Во две сезони на „Портман роуд“, Мекена го транформира Ипсвич и од Лига 1 (Третата лига) го однесе до Премиер лигата. Мекена потпишал договор до 2028 година, а неофицијално платата му е три милиони фунти по сезона.
Ипсвич по 22 години повторно ќе игра во Премиер лигата, а Мекена ќе треба добро да го подготви тимот затоа што го очекува жестока борба со гигантите на англискиот фудбал.
Дома Меѓународен фудбал Англија Мекена остана во Ипсвич и покрај интересот од Јунајтед, Брајтон и Челзи