Мекиќ со 9 поени за победа на Задар и „мајсторка“ во хрватското финале

167

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Адем Мекиќ одигра одличен натпревар во финалната серија на хрватското првенство и со 9 поени му помогна на сгојот Задар да дојде до израмнување на 2:2 во серијата против екипата на Сплит.

На гостински терен, Задар успеа да го „растури“ Сплит со 84:55 и да потврди дека серијата во ова финале е далеку од завршена. Мекиќ средбата ја заврши со 9 поени за нешто повеќе од 11 минути минати на паркетот.

Следниот решавашки меч ќе се одигра на теренот на Задар во недела.

ПретходноПоследен обид: Баерн му понуди нов договор на Алфонсо Дејвис
СледноФудбалерите вечерва заминаа за Хрватска (ФОТО)