Нојер е „фит“ и ќе биде на голот на Германија за Евро 2024

60

Голманот Мануел Нојер ќе се врати во германската репрезентација на помалку од две недели пред почетокот на Евро 2024, откако учествуваше на тренинг сесија на тимот во петокот. 38-годишниот голмна треба да се врати во игра за четирикратните светски шампиони за првпат по Светското првенство во 2022 година и тоа на пријателскиот натпревар со Украина во понеделник.

По завршувањето на турнирот во Катар пред речиси 18 месеци, Нојер заработи скршеница на ногата и паузираше речиси една година.

„Имавме одлични услови за време на нашиот тренинг камп, иако не сите играчи беа во можност да присуствуваат во целиот период поради финалето на Купот на Германија и решавачките натпревари во Лигата на Европа и Лигата на шампионите. Ги искористивме овие денови заедно и направивме сериозен напредок како тим“, изјавил германскиот селектор Нагелсман.

ПретходноПрво реми: Поведовме, но Молдавија брзо возврати и освои бод (ФОТОГАЛЕРИЈА)
СледноГо суспендираа поради тоа што не сакал да го носи логото на ЛГБТ заедницата