Пикси: Игравме „килаво“, но во Германија ќе биде поинаку

202

Селекторот на Србија, Драган Стојковиќ – Пикси е оптимист пред почетокот на ЕП 2024. Тој вели дека оваа година Србија ќе биде многу подобра за разлика од разочарувачкиот настап на Мундијалот во Катар не успеа да се пласира во нокаут-фазата. Србија е во група со Англија, Данска и Словенија.

Пикси: Нема пак да бидеме килави, туку ќе бидеме вистинските…
Англичани како Англичани, мора да бидам меѓу две-три екипи кои би можеле да го освојат ЕП. Но и другите селекции се квалитетни, можеби не по имиња, но секако се силни“, изјави Пикси.

Ова што го одбрав моментално е најдоброто што го има Србија. Донесов одлука, добро размислував и мислам дека оваа група од 26 фудбалери е вистинската. Никој не е на списокот затоа што има убава фризура или дека ми е роднина. Знам дека делувавме „килаво“ во последно време, но јас верувам дека ќе имаме добар настап на овој европски шампионат. Би сакал да бидеме меѓу осумте најдобри во Европа“, додаде српскиот селектор.

 

ПретходноВикендов на ФФМ ќе се одигра финалниот турнир на Детската лига
СледноХрватска – Македонија 0:1, Северина им посака мирен лет на нашите фудбалери кон Ријека