На 29 и 30 мај беа одиграни четирите финални натпревари во младински категори во рамките на Купот на Македонија.
На првиот финален меч во категорија млади пионери одигран на стадионот „Борис Трајковски”, во Maџари, екипата на А.П. Брера се радуваше на освоениот пехар во најмасовното натпреварување, по издвоеаната убедлива победа до 3:0 над Пелистер. Мартин Стоиловски беше стрелец на првиот гол во 38. минута. Водството на А.П. Брера го зголеми Албан Рочи во 63. минута. Конечниот резултат го постави Матеј Семенов во 84. минута од средбата.
Во второто финале во категорија пионери, кое беше исто така одиграно на стадионот „Борис Трајковски”, во Маџари, А.П. Брера оствари триумф над Пелистер по подоброто изведување на пенали (3:1). Во регуларниот дел немаше победник, резултатот беше 1:1. Пелистер поведе со 1:0 уште во 5. минута преку Даниел Чавдаровски. Во 90. минута, Марио Митрев погоди за израмнување на резултатот.
Во категоријата кадети, во финалето се соочија тимовите на Шкендија и Вардар. На овој меч одигран на градскиот стадион во Кичево, екипата на Вардар се радуваше на пехарот по минимално издвојуваната победа со резултат 2:1. Абдуи Урима ја донесе Шкендија во предност во 7. минута. Кристијан Галевски во 20. минута погодува за 1:1. Целосниот пресврт се деси во 82. минута, кога Мирза Хасиќ биеше за предност и победа на својот тим.
Во последниот натпревар одигран на градскиот стадион во Кичево во категоријата младинци, Македонија Ѓ.П. го освои трофејот во Купот на Македонија, по победата со 2:0 над Пелистер. Алтин Алији во 48. минута го донесе својот тим во предност. Конечните 2:0 ги постави Никола Величковски во 83. минута од средбата.