Италијанскиот прволигаш Рома објави дека го откупила од Лајпциг договорот на левиот бек Анхелињо. Шпанецот оваа сезона играше како позајмен во редовите на „волчицата“, а очигледно доволно добро за челниците на клубот да го откупат договорот на фудбалерот и тој да остане на „Олимпико“.
Анхелињо ја почна кариерата во Манчестер Сити, но таму не се изнаигра, па беше на бројни позајмици. Потоа играше и за ПСВ, па во Лајпциг кој исто така го позајмуваше. Во Рома изминатата сезона запиша 16 настапи во Серија А и четири во Лига Европа.