И официјално Дарко Додев (26) е нов играч на Силекс. Имено тој се договори со раководството на кратовци во наредниот период да го носи дресот на Силекс, кој во следната сезона има големи амбиции предводен од стратегот Александар Васоски.
Инаку Додев до пред некој ден беше член на Шкупи, а во сезоната 2018/19 беше дел веќе на Силекс. Играше и за Металург, Брегалница, Тиквеш, Влазнија…
Секако дека со Додев тимот на Силекс во нападот ќе биде поопасен.