Како што објави Фабрицио Романо, Челзи и дефинитивно донел одлука да го продаде Ромелу Лукаку. Репрезентативецот на Белгија изминатата сезона играше за Рома како позајмен играч, претходно за Интер, но никогаш не беше на нивото кога го предводеше нападот на “својот“ Челзи, едноставно никако не можеше да се снајде во ПЛ.
Инаку според Романо, клубот од “Стемфорд Бриџ“ бара 45 милиони евра за Лукаку, сума која и не е така голема ако се знае дека Челзи посакува да го ангажира Виктор Осимен, кој чини верјатно трипати повеќе.