Анчелоти потврди: Утре Реал почнува со Куртоа на голот

281

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти на денешната прес-конференција во пресрет на утрешното финале од Лигата на шампионите, потврди дека утрешниот меч на голот на „кралевите“ ќе го почне белгискиот голман.

„Тибо Куртоа почнува утре. Андриј Лунин ќе биде на клупата“, изјави тренерот на Реал Мадрид.

Причината за ова е што Лунин имал вирус, кој го спречи целосно да тренира со тимот.

ПретходноФудбалерите вечерва заминаа за Хрватска (ФОТО)
СледноСпектаклот е одложен, Тајсон не може да се бори со Пол поради здравствени проблеми