Го суспендираа поради тоа што не сакал да го носи логото на ЛГБТ заедницата

684

Фудбалерот на Монако, Мохамед Камара е суспендиран на четири натпревари од страна на Француската фудбалска лига. Причината е што репрезентативецот на Мали одбил да даде поддршка на ЛГБТ заедницата. За време на мечот против Нант на 19 мај во Лига 1, тој го прекрил логото на ЛГБТ закачено на дресот.

Сите клубови од Лига 1 го носеа логото на кампањата на нивните дресови на последниот ден од сезоната, додека амблемот на натпреварувањето на дресовите на тимовите беа прикажани боите на виножитото, сето тоа како дел од иницијативата на LFP, телото кое ги води првите две нивоа на француски фудбал.
Амблемот на виножитото исто така беше прикриен од Камара.

Минатата недела, француската министерка за спорт Амели Оудеа-Кастера изјави за француската радио станица RTL дека Камара треба да биде подложена на „најсилни санкции“.

Малиската фудбалска федерација издаде соопштение за поддршка на Камара, велејќи дека „играчите се граѓани како и сите други, чии основни права мора да бидат заштитени во сите околности“.

 

ПретходноНојер е „фит“ и ќе биде на голот на Германија за Евро 2024
СледноПадна договор: Конте во Наполи до 2027 година!