Големи засилувања: Тиквеш ги потпиша Давид Манасиевски и Ѓорѓи Ѓорѓиев!

4975

Од денеска и официјално Тиквеш има уште две нови имиња. Тоа се Давид Манасиевски (22) кој дојде од таборот на Силекс и Ѓорѓи Ѓорѓиев (27) кој во Кавадарци доаѓа од Брегалница.

Да се потсетиме дека вчера тимот на стратегот Ѓорѓи Мојсов се засили и со младинскиот репрезентативен голман Стефан Тасев, а се врати и Алмир Чубара.

Инаку Манасиевски е одличен млад играч за врска, кој секако добро ќе му дојде во средниот ред на кавадарчани, додека Ѓорѓиев е офанзивец со огромно искуство.

Во секој момент Тиквеш треба да ги официјализира трансферите и на двајца интернационалци од Бразил. Кога сме кај Бразилците, како што велат од клубот, Луан Силва си заминува од Кавадарци, додека Робертино останува и во следната сезона.

ПретходноХрватска – Македонија 0:1, Северина им посака мирен лет на нашите фудбалери кон Ријека
СледноРома го откупи Шпанецот Анхелињо