Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ) објави дека крилниот напаѓач на Интер, Дензел Думфрис е казнет со 4.000 евра затоа што се возел во отворен автобус со постер на фудбалерот на Милан, Тео Ернандез, на кој тој е прикажан како куче со поводник. Сето ова се случуваше за време на прославата на тутулата.
Дополнителна парична казна има и за Интер.
Претходно парична казна за слични инциденти добија играчите на Милан, Тео Ернандез, Мик Мањан, Раде Круниќ и Сандро Тонали. Фудбалерите беа казнети во 2022 година откако истакнаа навредлив транспарент кон Интер за време на прославата на титулата.