Еден од најдобрите играчи на Интер, Лаутаро Мартинез се согласил да ја продолжи соработката со „нероаѕурите“, пренесува „Газета дело спорт“. Аргентинецот ќе потпише нов тригодишен договор, а платата ќе му биде фиксни 9 милиони евра по сезона плус бонуси.
Претходниот договор на Лаутар истекуваше на 30 јуни 2026 година, а е продолжен до 2029 година. Во договорот ќе нема клаузула за раскин на договорот.
Во наредните денови Интер ќе ја потврди информацијата и ќе го задржи напаѓачот кој е еден од најзаслужните за титулата оваа сезона.