Повеќе од јасно е дека Пеп Гвардиола ќе биде запишан во историјата на Манчестер Сити како негов најуспешен тренер. Тој е веќе икона на Сити. Толку освоени трофеи, толку пехари, а се знае дека Пеп е еден од најдобрите тренери во историјата на фудбалот.
Сепак се чини дека полека доаѓа до “замор на материјалот“ кај Каталонецот кој јасно наговести дека наредната сезона веројатно ќе му биде последна на клупата на Сити.
Токму затоа деновиве раководството на клубот му достави краен рок на Пеп за да одлучи за својата судбина, дали останува или си оди во јуни 2025, кога и ми истекува договорот.
Тој рок е 25 декември оваа година, значи до Божиќ. До тој датум Пеп треба да го даде одговорот.