Пикси за списокот: “Никој овде не е зашто има убава фризура или ми е роднина“!

243

Како што и беше најавено, денеска во 11 часот прес одржа Драган Стојковиќ Пикси, селекторот на репрезентацијата на Србија. Поводот беше неговиот список со играчи за претстиојното ЕУРО 2024, за подготовките, но за самите натпревари. Познато е дека Србија е во група со Англија, Данска и Словенија.

За тоа зошто го има овој или го нема оној, Пикси беше дециден:

Никој овде не е зашто ми е роднина или има убава фризура. Сите се овде зашто јас сметам дека тие се најдобрите. Јас сум селектор и на мене е да носам одлуки. Што се однесува до Радоњиќ му посакувам што побргу враќање во репрезентацијата, ама тој тоа мора да го докаже и покаже“ рече покрај другото селекторот на Србија.

Инаку во таа земја нема речиси никаква еуфорија во пресрет на ЕУРО 2024. Без разлика што Србија има добра репрезентација, сите знаат, барем оние што се разбираат во фудбал, дека со овој селектор нема што да очекуваат на ова натпреварување.

ПретходноЧубара по повредата се враќа во Тиквеш, Карчески на излезна врата, “костурот“ на тимот е задржан!
СледноМареска веќе потпишал петгодишен договор со Челзи!