Македонскиот фудбалски репрезентативец Бојан Димоски и рускиот состав Акрон Тољати за првпат во историјата на овој руски клуб ќе играат во најелитното фудбалско натпреварување на Русија. Денеска во реванш баражите за пласман во руската Премиерлига, екипата на нашиот Димоски беше поразена со 2:1 од екипата на Урал на домашен терен, но поради победата на првата средба со 2:0, Акрон ќе оди во руската елита.
Нашиот Бојан Димоски беше стартер во тимот на Акрон Тољати и ги одигра сите 90 минути.