Вардар со посебен подарок ги испрати Мишевски, Томовски, Ѓукиќ и Карапалевски

243

Пред стартот на денешниот последен меч од сезоната против екипата на Бутел, првите луѓе на РК Вардар се поздравија со четворица ракометари кои си заминуваат од „црвено-црниот“ дрес ова лето.

Станува збор за Марко Мишевски, Мартин Томовски, Дарко Ѓукиќ и Мартин Карапалевски, кои денеска добија посебен подарок од клубот.

„Заминуваат од клубот, но секогаш ќе останат во нашите срца, и вратата секогаш ќе им биде отворена. Заедно минувавме и нив тешки времиња, и убави спомени ни остануваат. Во посакуваме многу успех во животот и кариерата. Еднаш вардарец – секогаш вардарец“, порачаа од РК Вардар.

ПретходноВелковски се врати на познат стадион: Против Хрватска да ги искористиме нашите шанси
СледноОфицијално: Јувентус ја напушти Суперлигата!