Македонската фудбалска репрезентација го одржа првиот тренинг на стадионот „Рујевица“ во Ријека, како подготовка за контролниот натпревар против домашната Хрватска на 3. јуни.
Нашиот репрезентативец, Дарко Велковски кои во минатото настапуваше во Ријека, вели дека Македонија треба да покаже храброст и да се надева на позитивен резултат против фаворитот Хрватска.
„После две години се враќам на стадионот каде што минав четири прекрасни години. Се соочуваме со Хрватска, а сите знаеме што значи таа репрезентација во светски рамки. Ние сме долго време заедно и сметам дека треба да покажеме квалитет. Да се надеваме на добра игра и позитивен резултат. Мора да бидеме концентрирани во текот на целиот меч. Хрватска е многу силна во средниот ред, имаат искусни фудбалери. Треба да се обидеме да ги користиме шансите од против напад. Се надевам на позитивен тест. За нас во овој период се важни ваквите натпревари“, вели Велковски.
Мечот со Хрватска ќе го одиграме в понеделник од 19 часот.