Во Франција тврдат дека ПСЖ и Кварацкелија се договориле

81

Крилниот напаѓач на Наполи, Квича Кварацкелија и Пари Сен Жермен постигнале договор за клаузулите од личниот договор на грузискиот фудбалер, тврди авторитетното француско издание L’Équipe.

Според изворот, парижаните го ценат играчот на 60 милиони евра.

Оваа сезона Кварацелија настапи на 45 натпревари во сите натпреварувања, на кои постигна 11 голови и имаше 9 асистенции. Актуелниот договор на играчот со клубот е до летото 2027. Според порталот Трансфермаркт, пазарната вредност на играчот е 80 милиони евра.

ПретходноЛШ: Дортмунд VS Реал, време е за финале, време е за спектакл на “Вембли“! (ФОТО)
СледноФИФА го казни Партизан со забрана за ангажирање нови играчи до 2026!