Она што најмалку се очекува на финале во Лигата на шампионите се случи уште по дваесетина секунди од почетокот на мечот на „Вембли“. Неколку навивачи втрчаа на терен, па мечот мораше уште на самиот старт да биде прекинат.
За среќа се брзо заврши и дуелот за европската фудбалска круна продолжи. Сепак, оваа црна дамка во организацијата на мечот нема да остане незабележана.