Е. Пелистер по осмипат шампион на Македонија, Вардар со пирова победа кај Бутел

248

Ракометарите на Е. Пелистер успеаја да го совладаат Алкалоид со 32:28 и со тоа да ја одбранат титулата во домашната Суперлига. Битолчани денеска во последниот меч сезонава сами решаваа за титулата и не дозволија во дербито со Алкалоид да им се случи она што се случи во скопје во финалето на Купот.

Тимот на Бранко Ангеловски уште во првото полувреме успеа да направи разлика и на пауза да замине со високи пет гола предност (18:13). Жилавиот освојувач на Купот се врати во игра во вториот дел и некаде во финишот намали на два гола. Сепак, битолчани не дозволија никаква сензација и до крајот дојдоа до посакуваниот триумф за титула. Ова за битолските „зелено-бели“ беше осма титула во шампионатот.

Најефикаснки во составот на Е. Пелистер со по шест гола беа Радивојевиќ и Манасков. Кај Алкалоидм Дамјан и Марко Митев постигнаа по шест гола.

Ракометарите на Вардар во последниот сезонски меч со 31:25 го победија Бутел и на крајот останаа само на второто место на табелата.

ПретходноФлик го сака Коман во дресот на Барса!
СледноБојан Димоски следната сезона ќе игра во руската Премиерлига