Куманово и Прилеп и следната сезона во елитата, Е. Пелистер 2 ќе игра бараж!

79

Ракометарите на Куманово и Прилеп и следната сезона ќе бидат дел од елитната Суперлига во ракометна Македонија, додека тимот на Е. Пелистер 2 ќе мора преку бараж да се спасува и тоа против тимот на Радовиш. Ова е епилогот од денешните средби во кои Куманово со 27:29 славеше на гости кај Мулти Есенс, додека Прилеп го победи Е. Пелистер 2 со 31:24.

Со ова и заврши сезоната во плеј – аутот во Суперлигата и тоа со Прилеп како првопласиран тим во оваа конкуренција, Куманово како втор а тимот од Битола како трет, токму затоа и ќе игра бараж.

ПретходноФФМ го осуди инцидентот во Детска лига: Понатамошните натпревари ќе се играат без публика!
СледноХаос во КК Партизан: Миленикот на “гробарите“ самоволно си замина!