Вистинско чудо е како првото полувреме на финалето на Лигата на шампионите заврши без голови. Борусија (Д) го надигра Реал во првиот дел, но не искористи ниту една од најмалку три 100% шанси за погодок.
Иако „кралевите“ имаа повеќе од поседот на топката и привидно притискаа кон голот на Кобел, Тибо Куртоа имаше многу мака да ја задржи својата мрежа празна во овие 45. минути. Германците првата 100% шанса ја имаа во 20. минута, кога Адејеми доби една фантастична топка, го помина и Куртоа, но си го затвори аголот и не успеа да погоди за водство.
Три минути подоцна Филкруг ја погоди стативата од голот на Куртоа, а во 28. минута Адејеми повторно шутираше, Куртоа одбрани, а Филкруг не успеа на одбиена топка да постигне гол. (ВИДЕО)
Реал скоро и да не успеа посериозно да се закани кон голот на Кобел.