Нашиот репрезентативен голман Никола Митревски и неговиот Порто се пласираа во финалето на Купот на Португалија. Денеска во второто полуфинале, Порто со убедливи 39:30 славеше против екипата на Повоа.
„Змејовите“ беа доминантни во текот на целиот меч и заслужено се во финалето. Митревски беше прв голман и на денешниот меч на Порто, во чии редови најефикасни беа Антонио Ареја и Мамаду Диоку со по 5 гола.
Финалето на Купот на Португалија ќе се игра утре, а противник на Порто ќе биде екипата на Спортинг (Л).