Напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен би можел да го напушти италијанскиот клуб и кариерата да ја продолжи во Премиер-лигата.
Според објавата на новинарот Џанлука Ди Марцио на неговиот Твитер профил, лондонски Арсенал е меѓу додворувачите за Осимен. Официјалните разговори допрва треба да започнат, но на менаџерот на „топчиите“ Микел Артета им се допаѓаат квалитетите на 25-годишниот фудбалер. Се истакнува дека и самиот напаѓач е заинтересиран за потенцијален трансфер.
Во оваа сезона Осимен настапи на 32 натпревари во сите натпреварувања, на кои постигна 17 голови и 4 асистенции. Актуелниот договор на играчот со клубот е до летото 2026. Според Transfermarkt, играчот е проценет на 110 милиони евра.
Sky Italy’s Gianluca Di Marzio says he expects Arsenal to make a move for either Benjamin Sesko or Victor Osimhen in this summer window 🔴 pic.twitter.com/Nb2ngbR5NK
— Sky Sports News (@SkySportsNews) May 31, 2024