И официјално, од денеска стартува новата ера на „Енфилд“. Имено денеска на своите социјални мрежи Ливерпул го претстави Арне Слот како нов тренер на тимот.
Секако дека ова не е ништо ново, ама од денеска и е официјално, ако се знае дека со Холанѓанецот се беше договорено уште пред неколку недели.
Со ова заврши ерата на Јирген Клоп а стартува ерата на Арне Слот. Фановите на Ливерпул со нетгрпение очекуваат како ќе изгледа нивниот тим предводен од Слот.