Перез сака тројца играчи на Реал на подиумот во трката за „Златната топка“

185

Првиот човек на Реал (М), Флорентино Перез сака тројца играчи на Реал Мадрид оваа година да се борат за „Златната топка“.

Претседателот на Реал смета дека оваа година треба да се повтори ситуацијата што се случи во 2010 година, кога тројца играчи на Барселона беа во финалната трка за Златната топка: Лионел Меси, Андрес Иниеста и Чави.

Според Флорентино, Винисиус Јуниор, Џуд Белингем, Тони Крос или Килијан Мбапе, кои наскоро ќе се приклучат на Мадрид, треба да се борат за престижното признание.

ПретходноЛШ ПОЛУВРЕМЕ: Борусија можеше да го „торпедира“ Реал, но не погоди од три 100% шанси
СледноЧелзи има ново засилување во дефанзивата, доаѓа од Фулам