Како што пренесуваат инсајдерите од Турција, позната е годишната плата која Жозе Мурињо ќе ја зема како тренер на Фенербахче. Таа изнесува 10 милиони евра или 20 милиони за две години колку што е и договорот кој допрва треба да биде официјализиран од двете страни. И таа сума е фантастична за Турција. Досега ниту еден спортист или тренер во било кој спорт не бил толку платен во таа земја.
Фановите на Фенер се во екстаза, се уште не веруваат дека една таква тренерска ѕвезда ќе го предводи нивниот тим.
Инаку во тие 20 милиони евра не се пресметани разните бонуси и премии кои “Специјалниот“ треба да ги земе.
Интересно, Мурињо во Рома не земаше 10 милиони евра годишно, о затоа во Фенер ќе ги зема.