Реал Мадрид наскоро ќе го објави трансферот на напаѓачот Килијан Мбапе, а францускиот весник L’Équipe тврди дека тоа ќе се случи на 3 јуни (понеделник). Сепак, неговото претставување како играч на „кралевите“ ќе се случи дури по финалето на ЕП 2024, кое е закажано за 14 јули (петок).
На почетокот на мај, Мбапе објави дека ќе го напушти Пари Сен Жермен, откако веќе го одигра последниот натпревар за парижаните против Лион во финалето на турнирот „Куп де Франс“.
Според првичните информации, напаѓачот ќе потпише 5-годишен договор со Реал Мадрид. Французинот ќе добива 15 милиони евра годишно, но ќе добива и повеќе дивиденди по неговото пристигнување во шпанската престолнина, бидејќи како слободен трансфер ќе му се приклучи на новиот клуб.