И денеска нов ужасен ден на натпреварите од Детската лига, и тоа на теренот во Сарај во Скопје. Имено на мечот меѓу Сарај и Фит Кид, генерација 2012 година имаше од се по нешто. Се гледа како неколку возрасни лица, веројатно родители на дечињата како се пресметуваат меѓусебе додека фудбалерчињата се чудат што се случува.
Навистина ова треба да престане, ова е спорт, ова е фудбал а не полигон за тепање на возрасните кои преку своите деца ги лечат своите комплекси.