Репрезентацијата на Македонија до 21.година, денеска во Радом, во пријателски меч успеа со 1:2 да слави над соодветната домашна селекција. Навистина убаво изненадување од избраниците на селекторот Драган Канатларовски, секоја победа па макар била и на пријателски меч, секако дека е добредојдена за оваа генерација.
Македонија поведе со голот на Илиевски во 44.минута, кога нашиот капитен убаво се снајде пред домашниот гол.
Со тие 0:1 се замина на пауза.
Само што започна второто полувреме, во 47.минута Лука Станковски искористи еден кикс на домашната одбрана и го удвои водството на 0:2.
До крајот домашната селекција со голот на Борис во 84.минута успеа само да намали за конечни 1:2.
Инаку Македонија оваа пријателска ја започна со следните единаесетмина:
Алчевски, Деспотовски, Фетаи, Стојчевски, Максимов, Тодоровски, Рамадани, Џеков, Станковски, Николов, Илиевски.
Играа уште, Адеми, Рамани, Чилафи, Златков, Крстевски
За четири дена нашата млада репрезентација ќе одигра уште една пријателска средба и тоа со БиХ исто на гости.