Денеска од 14 часот во Радом, нашата У-21 реперезентација во пријателски меч ќе ги одмери силите со силната селекција на Полска. Ова е првата контрола во овој циклус, за неколку дена како што е познати и гостуваме и на селекцијата на БиХ.
Секако дека денешниот тест со Полска ќе биде одличен тест за селекторот Драган Канатларовски да изврши проверка на момците кои досега ја имаа неговата доверба, но и за некои други кои допрва ќе добиваат шанса во репрезентативниот тим.
И селекторот и фудбалерите уверуваа во своите изјави дека ќе се одигра максимално што се може во овој момент, дека ќе се даде се од себе да се остави добар впечатој на ова гостување и секако да се дојде до добар резултат.