Синоќа Ал-Хилал и Ал Наср го одиграа финалето на Купот на кралот на Саудиска Арабија, а победата ја оствари противникот на Кристијано Роналдо по подоброто изведување пенали.
Овој пораз тешко му падна на Португалецот, кој се распадна на теренот, не ги криеше емоциите, низ социјалните мрежи кружат видео-записи како плаче.
По натпреварот директорот на Ал Наср Гвидо Фиенга ја откри и судбината на Кристијано Роналдо во следната сезона.
Според Фабрицио Романо, Фиенга потврдил дека Роналдо и следната сезона ќе остане во Ал Наср.
🟡🔵🇵🇹 Al Nassr CEO Guido Fienga confirms that Cristiano Ronaldo will stay at the club also next season.
No doubts, no change of plan for the Portuguese star. pic.twitter.com/fxbHTs0pzX
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) June 1, 2024