Флик го сака Коман во дресот на Барса!

170

Веднаш штом Ханси Флик и официјално стана нов тренер на Барселона, веднаш се шпекулира со тоа кои играчи на Баерн Минхен може да направат трансфери во каталонската гордост.

Последните вести од Германија се дека Кингсли Коман, офанзицецот на “баварците“ е една од трансферните желби на Флик. Секако дека тој многу добро ги знае квалитетите на репрезентативецот на Франција со оглед на тоа дека Коман во времето на Флик во Баерн беше еден од клучните играчи на тимот и стрелец на голот во финалето против ПСЖ за триумф во ЛШ.

Се шпекулира дека Коман би дошол како замена за Рафиња кој две сезони никако не може да ги искаже своите квалитети во дресот на Барселона.

ПретходноОфицијално: Јувентус ја напушти Суперлигата!
СледноЕ. Пелистер по осмипат шампион на Македонија, Вардар со пирова победа кај Бутел