Тосин Адарабиојо ќе биде нов играч на Челзи. Англиски „Скај Спортс“ објави дека 26-годишниот дефанзивец следната недела ќе ги помине медицинските прегледи во лондонскиот клуб. Адарабиојо ќе потпише долгорочен договор со Челзи.
Дефанзивецот на Фулам ќе им се приклучи на „сините“ како слободен играч кога ќе му истече договорот на крајот на јуни.
Иако и Њукасл сакаше да го ангажира, сепак, играчот го избра Челзи, кому му треба нов централен дефанзивец по заминувањето на Тиаго Силва. Тосин работеше под водство на идниот тренер на Челзи, Енцо Мареска во младинската школа на Манчестер Сити.