Ракометарите на унгарски Ѓер и германски Битигхајм ќе играат во големото финале на женското издание на Лигата на шампионите.
Ѓер во денешното прво полуфинале го совлада Есбјерг со 24:23 (13:9), додека Битигхајм победи против Мец со 36:29 (14:15).
Финалето е закажано за утре со почеток во 18 часот.