Јокиќ се пушти на уживање додека го чека цела Србија (ФОТО)

2026

Најдобриот играч на НБА во тековната сезона, српскиот кошаркар Никола Јокиќ го заврши натпреварувањето во полуфиналето на Западната конференција, па летово има уште малку време за одмор. Откако беше елиминиран од тимот на Минесота, кој беше подобар на седум меча, Јокиќ ја заврши сезоната, па дел од слободното време го минува во Република Српска

Откако ги следеше коњските трки на северот на Европа и се забавуваше со народни песни, најдобриот НБА кошаркар се појави на рафтинг патувањето кое го посетува со години. Јокиќ пристигна во Фоча, во истиот камп каде престојуваше претходните две лета.

Засега не е познато дали Никола Јокиќ ќе игра за Србија на Олимписките игри или ќе одмара летово до почетокот на новата сезона во САД. Наводно, Јоклиќ и Пешиќ допрва треба да разговараат за ситуацијата во репрезентацијата, а српскиот кошаркар потоа треба да го извести селекторот за својата одлука. Отсуството на Никола Јокиќ би било голем хендикеп за Србија, но треба да се потсети дека репрезентацијата без него го освои среброто на Мундобаскетот што се играше на Филипините во есента 2023 година.

 

ПретходноЃоковиќ му се поклони на Карабатиќ (ВИДЕО)
СледноРеал го најави Мбапе на 3 јуни, но нема да го претстави пред крајот на ЕП