И официјално Јувентус, гигантот од Торино ја напушти Суперлигата и се врати во ЕКА, здружението на клубовите кои се под УЕФА. Со ова за идејата за Суперлига останаа само уште Реал Мадрид и Барселона.
Ова денеска го објави Насер Ал – Келаифи, првиот човек на ЕКА кој покрај другото изјави:
„Ние сме среќни и го поздравуваме враќањето на Јувентус. Во нашето големо фудбалско семејство имаме голема почит кон Јуве. Вратите секогаш се отворени за оние кои ги бранат заедничките интереси“ посочи Ал – Келаифи.