Пелистер е на еден меч до одбрана на титулата. Битолчани имаат два бода предност пред Вардар 1961, останува со победа пред своите фанови да стават печат на осмата титула во својата историја, втора по ред.
Сепак на другата страна на теренот ќе го имаат незгодниот Алкалоид, кој во финалето на Купот на Македонија дојде до сензационална победа и го подигна пехарот. Избраниците на Кирил Лазаров оваа сезона ќе ја завршат на третото место на табелата во плеј-офот, па токму затоа на овој дуел влегуваат без притисок, кој е грбот на Пелистер. Мечот е закажан со почеток во 18 часот.
Во исто време Вардар 1961 ќе чека абер од Битола. Пораз за Пелистер ќе значи титула за „црвено-црните“, кои имаат обврска да го победат Бутел Скопје за да при едно вакво сценарио да се вратат на тронот.