Катастрофа за Партизан. Ова го јавуваат медиумите во Србија. Имено ФИФА го казнила Партизан со забрана за трансфери до 2026 и тоа поради неподмирениот долг кон некогашниот фудбалер на овој клуб Такума Асано и тоа во износ од 460.000 евра во време од 2019-2021.
Ова значи дека Партизан не може да се засили со нови имиња во наредните две години, но оваа казна веднаш може да биде тргната во случај ако клубот од Белград му ги исплати парите на Јапонецот.
Познато е дека “црно – белите“ се во страшна криза, пред се финансиска, а ова уште повеќе ќе им ги зголеми проблемите.