Зарем некој можеше да замисли пред финалето дека токму Дани Карвахал ќе биде херојот на Реал Мадрид вечерва на “Вембли“. Не само што одигра одлично во поле, туку го постигна и оној прв гол во 74.минута со глава покрај високите дефанзивци на Дортмунд.
Секако дека искусниот бек беше пресреќен откако го освои својот шести пехарт во ЛШ, но сепак беше и реален:
„Искрено не заслуживме ни реми, но таков е фудбалот“ изјави кусо Карвахал кој беше прогласен за играч на мечот.